Во рамките на подобрувањето на образовната инфраструктура и унапредувањето на наставниот процес, основното училиште „Лириа“ е опремено со модерен кабинет по информатика, благодарение на инвестиција во вредност од 1.200.000 денари од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), предводена од г. Јетон Акики.
Оваа инвестиција вклучува компјутери, лаптопи, паметна табла и печатачи, создавајќи напредна технолошка средина за учениците, во согласност со современите образовни стандарди. Иницијативата има за цел да ги унапреди дигиталните вештини на младите генерации и да го олесни наставниот процес во модерни услови.
На овој настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, кој изрази благодарност до Агенцијата за електронски комуникации за нивниот значаен придонес во унапредувањето на образованието во нашата општина. Исто така, му се заблагодари на директорката на училиштето, г-ѓа Теута Идризи, за нејзината посветеност и соработка во реализацијата на овој проект.
Општина Чаир останува посветена на создавање квалитетен образовен систем, инвестирајќи континуирано во подобрување на условите за учениците и наставниците.