Црквата “Свети Великомаченик Димитриј”
Црквата “Свети Великомаченик Димитриј” – Изградена во 15 век, откако претходно била срушена од Даут паша за на нејзино место да се направи Даут-пашиниот амам. Со тробродна конструкција, таа има скромни уметнички квалитети, со галерија, певница и владички престол. Во 19 век во неа била сместена Скопската митрополија. Во нејзиниот двор се наоѓа гробот на архиепископот Охридски и Македонски Ангелариј, а во самата црква е гробот на архиепископот Доситеј, првиот поглавар на обновената афтокефална Православна македонска црква.