Во координација со јавното општинско претпријатие „Шкупи Вјетр“, Општина Чаир започна со спроведување на најавената постапка за отстранување на напуштени и хаварисани моторни возила, приколки и слично од јавните простори.
Во текот на денешниот ден, ангажираниот работен тим и општинските инспектори во согласност со одобрената регулатива за ова прашање, започнаа со поставување на предупредувања за возилата кои се предмет на акцијата, давајќи рок од дена за нивно отстранување од самите сопственици.
По истекот на овој предвиден рок, ќе следат други механизми за отстранување на овие возила од јавните простори во согласност со регулативата од страна на општинските служби.