Општина Чаир од денес ја започна новата акција за збогатување на библиотеките на основните училишта со нов фонд на книги почнувајќи од училиштата “Хасан Приштина“ и “7 Марси“.
Градоначалникот Висар Ганиу им подари на директорите Љуљиета Ќерими и Хајдин Рамадани по 250 книги кои ќе бидат во служба на учениците. Истотака, во знак на почит еден фонд на книги му се подари и на ветеранот и поранешниот директор на О.У. “7 Марси“ Халил Палоши.
Во наредните денови ќе се збогатат и другите основни училишта на територија на Општина Чаир.