Еден од најважните моменти за турскиот народ, „Денот на наставата на турски јазик“, денеска го прославивме заедно со претседателот на Големото национално собрание на Турција, г. Мустафа Шентоп, амбасадорот на Турција во земјава, г-дин Хасан Мехмет Секизкок, со турски пратеници, директорот на ООУ „Тефејуз“, Селадин Зекир, наставници, ученици и родители.
Да се почитува Денот на наставата на мајчин јазик е чест кон националениот идентитет, културата и традицијата, а денес тоа го направивме со големо задоволство.