Општина Чаир доделува 20 стипендии за студии во дефицитарни насоки на Универзитетот „Мајка Тереза“

65
Во пресрет на почетокот на вториот рок за упис во Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кој ќе биде во понеделник, денес градоначалникот на Чаир Висар Ганиу заедно со ректорот на овој академски храм, проф.д-р. Изет Зеќири потпишаа Договор со кој Општина Чаир доделува 20 стипендии за студенти кои на овој универзитет ќе студираат на дефицитарните насоки: Мегатроника, Индустриски менаџмент и Електроенергетика.
Ганиу рече дека овој чин претставува важен чекор за академско унапредување на нашето општество, но и за зајакнување на пазарот на трудот, кој има толку голема потреба да има професионалци во своите редови дури и во дефицитарните насоки.
-Воедно, му честитав на ректорот Зеќири за прекрасната работа што ја прави во унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ и изразив подготвеност од страна на Општина Чаир секогаш да бидеме силен поддржувач на оваа академска институција, изјави градоначалникот Ганиу.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе