Нашиот светски познат спортист Шабан Трстена денеска ја прими наградата „8 Септември“ од претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.
“За мене е особена чест што бев покрај Шабан Трстена на овој многу важен ден за него и за сите нас, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој учествуваше во доделувањето на наградата.
На денот кога се одбележува 31-годишнината од независноста на Северна Македонија, на Шабан Трстена му се додели високата државна награда за златниот медал во борење на Олимписките игри 1984 година во Соединетите Американски Држави, сребрениот медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година и бронзениот медал на Светското првенство во борење во 1982 година и за сите приближно 750 победи што ги постигна во борење.
Трстена е повеќекратен шампион на Југославија за млади и сениори, а беше прогласен и за спортист на 20 век на Северна Македонија.
“На нашиот сограѓанин Трстена најискрено му честитам што денеска ја доби оваа висока државна награда и неизмерно му благодарам што не правеше горди сите овие години и продолжува да не прави горди и панатаму”, рече Ганиу.
Им честиташе и на другите тројца спортисти Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановкси и Дејан Георгиевски кои ја добија наградата „8 Септември“
Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.
Објави од иста категорија