Во рамките на преземените активности за одбележување на 7 Март – Денот на албанскиот наставник, Општина Чаир ја продолжи организативната традиција во чест на личноста на наставникот доделувајќи благодарници за истакнатите наставници од 12-те места на знаењето во нејзината територија. Истотака, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу свечено ги додели новите решенија за 14 наставници посакувајќи има многу успех во нивната работа.
Професијата на наставникот била секогаш патоказ на нашата свест и најзначајниот фактор за високата човечка вредност – слободата. Истата важност ја има и денес бидејќи е извор на знаењето и напредокот. Општина Чаир ќе биде секогаш во поддршка на нивната голема мисија за новите генерации да чекорат одлучно кон здравата и сигурна иднина.