Во рамките на започнатиот процес за проценка на настанатите штети на инфраструктурата во регионот погоден од земјотресот во Република Албанија, Општина Чаир за да го помогне овој процес ја испрати нејзината екипа на архитекти и инжинери: Арбен Речица, Амир Ахмети и Џавит Гаши.
Тие ќе останат таму 5 дена и заедно со оперативните екипи од другите држави ќе се погрижат за објективна анализа на актуелната состојба и со тоа заштита на граѓаните на овој регион.