Општина Чаир денеска го потпиша Колективниот договор со Синдикатот на вработените во државната управа, органите на правдата и здруженијата на граѓани – УПОЗ

85
Општина Чаир денеска го потпиша Колективниот договор со Синдикатот на вработените во државната управа, органите на правдата и здруженијата на граѓани – УПОЗ. Унапредување на правата, обврските, одговорностите и други прашања поврзани со работните односи на вработените во општина Чаир, како што се усогласувањето на платите со зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на вредноста на годишниот одмор, исплата на јубилејните бонуси се дел од прашањата поврзани со овој договор.
Чинот на потпишување на колективниот договор го реализираа градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и со претседателот на Синдикалната организација во општина Чаир, Сабит Шабани.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе