Општина Чаир го одбележа Светскиот Ден на лицата со Down Syndrom под мотото #ијассумкакоти
Овој ден посветен на лицата со Down Syndrom има за цел да потсети на нашата институционална и граѓанска обврска за заштита и промоција на вредностите на граѓаните еднакви со нас, граѓаните со Down Syndrom како лица кои имаат свои особености, како и секој од нас.
Сите сме посебни во формата и нашата природа. Нашите различности се вредностите кои ние им ги носиме на општеството. Затоа здраво општество подразбира разнообразно и сеопфатно општество.
Општина Чаир сакајќи да укаже на посветеноста како и на граѓанската и институционалната обврска, ветува преземање на сите потребни мерки и чекори, за задоволување на потребите на оваа категорија на луѓе.
Како конкретни проекти кои Општина Чаир ги има предвидено се: формирање на Центар за лицата со посебни потреби и изградба на нов објект за постојното основно училиште “Иднина“ во Чаир, со единствена цел на овие деца и нивните родители да им ја гарантираме потребната грижа.