Една од добрините на светиот месец Рамазан е солидарноста и грижата која ја искажуваме еден кон друг.
Во знак на почит за нивната неуморна работа одлучивме да ги посетиме и да им обезбедиме 40 порции за ифтар на полициските службеници на полициската станица “Бит Пазар”, сообраќајната полиција, службите на брзата помош и пожарникарите, кои се на чело на нивната должност грижејќи се за нашата безбедност и нашето здравје.