Општина Чаир ја известува јавноста дека, во рамките на соработката со УНДП и Министерството за локална самоуправа, е подготвена нацрт-верзијата на Интегрираниот локален развоен план за периодот 2025–2029. Овој стратешки документ претставува основа за планирање на среднорочниот развој на општината и за унапредување на јавните услуги во сите области значајни за заедницата.

Со цел обезбедување транспарентност и целосно вклучување на граѓаните и локалните чинители, Општина Чаир организира јавна консултативна средба, на која присутните ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и мислења за унапредување на планот.

Консултативната средба ќе се одржи на 25 ноември 2025 година (вторник), во 12:00 часот, во големата сала на Општина Чаир.

Ги покануваме сите граѓани, организации и локални чинители да присуствуваат и да придонесат во заедничкиот процес на развој на нашата општина.