„Домот“ на Универзитетот Мајка Тереза ја добива својата вистинска форма.
Денеска градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со ректорот на УМТ, Изет Зеќири, професори и студенти, ги следеa започнатите работи во врска со изградбата на Универзитетскиот кампус на УМТ во касарната „Илинден“.
“Како што објасни ректорот Зеќири, универзитетскиот кампус ќе ги има сите најсовремени услови за студирање во сите правци што ги нуди Универзитетот Мајка Тереза”, изјави Ганиу.