Традиционалниот Фестивал “Фолклорните Вечери на Чаршијата” организиран од страна на Ансамблот “Ибе Паликуќи” по 11-ти пат приреди вистински спектакл и достоинствено го прикажа нашиот културен потенцијал.
Нашето културно богатство прекрасно го претставија ансамблите од нашата земја: Ибе Паликуќи, Емин Дураку, Шќипоњат, Студио Фолклор, додека од Косово: Шамикуќе – Феризај и Ќемајл Азизи – Витина.
По повод овој настан, Градоначалникот Висар Ганиу истакна: “Гледајќи го нивниот фантастичен настап треба постојано да рефлектираме за поддршката која ја заслужуваат бидејќи иднината на еден народ зависи од инвестирањето во неговата култура. Посакувам овие фестивали кои го зачувуваат нашиот културен идентитет да бидат вечни за го задржат неизгаснат огнот на културата”.