Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Генералниот Секретар на Општината Недим Рама беа денес во посета на Министерството за Култура на Република Македонија за да реализираат работен состанок со првиот човек на оваа институција
г-дин Асаф Адеми, на кого му честитаа за новата функција на која е избран посакувајќи му успех и поддршка на патот за зачувување на културното достоинство на нашата држава.
Во текот на оваа средба Градоначалникот Ганиу и министерот Адеми изразија подготвеност за соработка во реализација на многу проекти од областа на културата. Чаир е општина која поседува многу културни монументи и заслужува заеднички силен ангажман за зачувување на автентичноста и промоција на културните вредности.
Истотака, Градоначалникот Ганиу ја искажува неговата лична благодарност до министерот Адеми за пречекот кој им го приреди и за неговиот личен ангажман за да му помогне на Чаир во реализација на проекти кои се однесуваат на Старата Скопска Чаршија која како културно наследство е и под надлежност на Министерството за Култура.