Во врска со ова посета, Градоначалникот изјави: “Во најтешките моменти во животот, надежта и силата за да се крене повторно, човекот ги наоѓа во испружената рака на помошта. Вознемирен од она што го слушнав, не можев да седам без да ја посетам изгорената куќа на Бујар Џемаили во населба Серава, за да му докажеме дека во овие тешки моменти не е сам и дека заедно многу брзо ќе ја надминеме оваа ситуација.”
Општина Чаир ќе формира комисија за евалуација на претрпената штета и ќе му помогне на семејството Џемаили во процесот на реконструкција на нивната куќа.