Градоначалникот на Општина Чаир денес ја посети 37-та изложба на Саемот на книгата во Скопје, кој се одржува во арената „Борис Трајковски“. Под мотото „Храна за душата“, годинашниот саем обединува над 65 издавачки куќи од земјата и регионот, нудејќи богат избор на наслови за сите возрасти и книжевни вкусови.
За време на посетата, градоначалникот го истакна големиот интерес на граѓаните и ја потенцираше важноста на настаните кои ја промовираат културата на читање. Тој нагласи дека книгата претставува незаменлив извор на знаење и духовно збогатување, и дека иницијативите кои ја поддржуваат литературата и читањето секогаш заслужуваат институционална поддршка и внимание.
Саемот останува отворен за посетителите и во наредните денови, нудејќи нови можности за љубителите на книгата и читањето.