Работните тимови на општина Чаир денеска продолжија со асфалтирање на улицата „Јахја Паша“(поранешна Солунска) во населбата Серава на површина од 2.020 метри квадратни.
На оваа улица претходно беше поставена новата водоводна мрежа, а во два кракови и канализацијата.
-Денеска лично направив и увид во работите со асфалтирањето на улицата кои, како што информираа надлежните, се очекува да завршат во текот на следната недела, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, при увидот на работите што се изведуваат на овaа улица.
Тој додаде дека ваквите активности oпштина Чаир ќе ги продолжи и во другите делови на нејзината територија.