Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, синоќа заедно со директорот на Јавното претпријатие „Улици и Патишта“ при Град Скопје, Саид Саиди извршија увид во работите што се изведуваат во однос на хоризонталното обележување на улиците на општина Чаир, поточно пешачките премини, познати како „бели линии“.
Директорот Саиди го информираше Ганиу дека се врши обележување на улиците низ општина Чаир и со фокус пред образовните објекти, основните училишта и градинките.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови и има за цел да овозможи побезбедно движење на нашите граѓани и децата.