Во населбата „Саат Кула“, поточно на улицата „Отокар Кершовани“, општинските екипи продолжуваат со работите за поставување на новиот водоводен систем во должина од 460 метри. Во меѓувреме, продолжуваат и со поставување на канализацијата на атмосферската вода во должина од 220 метри.
Денеска и одблиску, градоначалникот на Општина Чаир изврши увид на работите на ова улица, додека работните екипи го информираа дека по поставувањето на новата инфраструктура ќе се врши и асфалтирање.
Оваа инвестиција е од Министерството за финансии и Светска банка, во соработка со општина Чаир. Додека активностите од ваков карактер ќе продолжат и во другите делови на нашата Општина.