Оваа активност е дел од проектот „CBC Ekokid“ што го спроведува општина Чаир во партнерство со општина Феризај и невладината организација БСЦК Косово и со подршка од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија 2014 – 2020 година.
Со CBCEkoKid, покрај енергетски ефикасни светилки, ќе се постават и соларни панели во овие институции на општина Чаир:
ООУ „Лирија“
ООУ „Хасан Приштина“
ООУ „Имри Елези“
Градинката „Снежана“.
Проектот CBCEkoKid значи: Подобрување на енергетската ефикасност во училиштата и градинките, нула загадување, чиста животна средина, заштеда на електрична енергија до 50%, унапредување на добри прекугранични односи, интеграција во Европската унија како и унапредување на социо-економскиот развој во општина Чаир и Феризај.
Visar Ganiu, kryetar i Komunës së Çairit
Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир