Во Општина Чаир, градоначалникот Изет Меџити го пречека г. Реджеп Алтепе, поранешен градоначалник на Големата Општина Бурса, познат по својата визија и долгогодишно искуство во урбаниот развој и локалното управување. Неговата посета претставува топла честитка по победата на локалните избори и јасна поддршка за новата насока по која се движи Чаир.
За време на средбата, градоначалникот Меџити и г. Алтепе разменија идеи и искуства за успешни модели на локална самоуправа, урбана трансформација и јакнење на меѓуинституционалната соработка. Г. Алтепе ја истакна важноста на Чаир како општина со силен културен идентитет, длабоки заеднички вредности и значаен развоен потенцијал.
Градоначалникот Меџити изрази благодарност за поддршката, почитта и убавите зборови, нагласувајќи дека пријателството и партнерството со Турција ќе продолжат да носат нови можности и значајни проекти за општината.

