Во текот на денешниот ден, градоначалникот на Општина Чаир ја посети интервенцијата што се реализира на улицата „Мехмет Гега“ во населбата Топанско Поле, каде што се врши замена на канализационата цевка – често барање на жителите од овој дел.
Иако не секогаш во директна надлежност, Општина Чаир останува посветена на решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните, докажувајќи дека соработка и присутноста на терен се темел на нашето локално управување.