Завршена фекалната канализација – следува нов водовод на Дижонска 17

Општина Чаир со посветеност продолжува со реализација на проекти кои имаат директно влијание врз подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

На улицата Дижонска 17 успешно е завршена изградбата на новата фекална канализациона мрежа во должина од 180 метри. Оваа важна инвестиција директно ги подобрува инфраструктурните услови за 35 домаќинства од оваа зона.

Во моментов се во тек подготвителни активности за следната фаза – инсталација на новата водоводна мрежа, која ќе овозможи побезбедно и поквалитетно водоснабдување за жителите на оваа населба.

Овој проект е дел од заложбите на Општина Чаир за изградба на функционален, одржлив и стандардизиран инфраструктурен систем во секоја населба на општинската територија.

Градежните активности се реализираат согласно динамичниот план на проектот и ќе продолжат со полн интензитет сè до финализација на сите фази.

Општина Чаир останува посветена на континуираниот развој на локалната инфраструктура и на обезбедување квалитетни услуги за сите граѓани.