Во присуство на градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу,
амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин и многу гости, денеска во општина Чаир беа промовирани 7 книги од шведски автори и преведени на албански јазик од Сокол Демаку.
-Ќе продолжиме да ги поддржуваме пишаниот збор, писателите, публикациите кои несомнено се неисцрпен извор на културата на народите ширум светот.
Им честитам на ова албанско-шведско пријателство на поетите создадено од Издавачката куќа Шкупи, Културниот центар МИЃЕНИ од Борас во Шведска, Советот за култура и уметност „KULTURADET“ во Стокхолм, Шведска и секако Шведската амбасада во Скопје, која секоја година е дел од оваа веќе традиционална манифестација, рече градоначалникот на Чаир, Ганиу.