Општините не се само клучната алка помеѓу бизнис секторот и локалниот економски развој, туку всушност и бизнис секторот е клучен фактор за локалниот економски развој на нашата општина Чаир.
Ова го истакна градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу на панел дискусијата „Линкови помеѓу бизнисот и локалниот економски развој“ организирана од УНДП и Министерството за локална самоуправа. “Секогаш кога зборуваме за бизнис секторот на нашата општина, се чувствуваме горди, пред се, со нивните достигнувања, но и со односот што го развивавме со години и продолжуваме да го развиваме. Неспорно е дека бизнис секторот има пред се голем директен придонес во развојот на образованието во општина Чаир.
Како пример, компанијата „Ефтинија Импекс“ е вистински придонесувач на речиси сите наши образовни институции, дури и го изгради новиот објект на ООУ „Исмаил Ќемали“ со површина од 560 м2 и чинеше над 500 илјади евра, како и Албиз со голем придонес во образованието. Но, ние како општина отсекогаш сме имале приоритет за развојот на бизнисите преку создавање на најдобри можни услови за нив. Во иднина заедно со општинските тимови, планираме почести средби со бизнис секторот и со заеднички предлози и напори соработката да се подигне на повисоко ниво”, изјави Ганиу.