Службата за одржување на јавната чистата на Општина Чаир го реализираше процесот на чистење, дезинфекција и миење на секоја уличка во делот кај продавниците на плоштадот Скендербег, не заборавајќи го ниту горниот дел од плоштадот.

Денешната активност се реализираше во соработка со екипите на ЈП “Комунална Хигиена”, а меѓу другото се користеше и специјална машинерија.

Само кога ќе имаме чиста животна средина ќе бидеме здрави, така што нема да ги запреме ваквите активности ниту во иднина.