Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ги пречека денес на работен состанок претставниците на Светска Банка и Министерството за Економија како посредници каде дискутираа околу реализацијата на проектите за кои Општина Чаир има добиено грантови и ја разгледаа можноста за продлабочување на соработката во областа на јавното приватно партнерство.

Општина Чаир продолжува посветено да ја следи секоја инвестициска можност која ја нуди Светска Банка за реализација на проекти во служба на граѓаните.