По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во име на Општина Чаир и во мое лично име, упатувам искрени честитки за овој значаен ден кој ги симболизира вредностите на еднаквост, почит и инклузија.

Ромската заедница претставува важен дел од нашиот општествен и културен мозаик. Како општина, остануваме посветени на поддршката на развојот, интеграцијата и унапредувањето на квалитетот на животот за сите наши граѓани – без разлика.

Среќен 8 Април – Меѓународен ден на Ромите!