Проект „Чисти и здрави“

15

ИНФОРМАЦИЈА

Со неизмерно задоволство сакаме да Ве информираме дека сликовниците кои се дел од проектните активности на Проектот „Чисти и здрави“ се подготвени да се поделат на дечињата од нашата Општина. Во моментов можете да ги симнете од страната на Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ) и тоа:

На македонски јазик:

http://www.balkaneconomicforum.org/wp/cistiizdravi/

На албански јазик:

http://www.balkaneconomicforum.org/wp/te-paster-dhe-te-shendetsem/

За време на настаните планирани во текот на месец Октомври и Ноември 2019 година, децата ќе се едуцираат за чиста и здрава животна средина, и воедно ќе добијат сликовница, како и детални информации за мобилната апликација од едукативен карактер која ќе може да ја играат заедно со своите родители, дома во релаксирана амтосфера.

Општина Чаир заедно со Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ), Цивика Мобилитас и Пакомак се грижат за средината во која живеат нашите идни генерации.

ЧИСТИМЕ ЗАЕДНО, РАСТЕМЕ ЗАЕДНО!

Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

 

 

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе