Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со градоначалниците на општините Бутел, Карпош и Центар присуствуваше на промоцијата на почетокот на уште еден проект на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов за подобрување на патната инфраструктура на нашиот град и за поефикасна меѓуопштинско поврзување.
Станува збор за два нови кружни тека кои ќе се изградат на познатата зона Момин Поток со кои ќе се поврзуваат булеварите Никола Карев, 8 Септември и Словенија. Истотака проектот опфаќа и целосна реконструкција, со нови велосипедски и пешачки патеки од двете страни на улицата.
Поради реката Серава на овој дел предвидено е да се изградата и два моста.
Имајќи во предвид дека на оваа зона дневно се движат околу 25.000 возила и граѓаните на Чаир ја употребуваат како поврзувачка артерија со Општина Карпош реализацијата на овој проект е од голема важност за граѓаните на Чаир.
Вредноста на проектот: 18 милиони евра
Должина: 1600 метри