Децата со развоен диверзитет имаат потреба од безбедни, топли и поддржувачки средини каде што можат слободно да се изразат и да се развиваат. Со оваа цел, Секторот за образование при Општина Чаир, под водство на Мјелма Гаши, организираше работилница со креативни и интерактивни активности за ученици од основните општински училишта, од прво до деветто одделение.
Работилницата се реализираше во рамки на Меѓународниот ден на децата со развоен диверзитет, овозможувајќи им на децата да учествуваат во цртање, уметнички изработки и едукативни игри прилагодени за нив. Целта беше да се промовира инклузија, поддршка и почитување на разликите што секое дете ги носи со себе.
Општина Чаир им се заблагодарува на училиштата, воспитувачите и родителите за соработката и посветеноста во реализацијата на оваа значајна активност за децата и заедницата.