Нема ништо поубаво од тоа да се прослави овој многу важен ден за Албанците – Денот на државното знаме заедно со ученици, родители, ветерани од образованието, во општинското училиште на Чаир, кое го носи името на архитектот на независноста на Албанија, Исмаил Ќемали.
”Денеска го прославивме и патронатот на ова училиште и во оваа прилика им ја пренесов пораката на учениците дека аманетот на Исмаил Ќемали пред 110 години беше секогаш да бидеме обединети под едно знаме и еден јазик, без разлика каде живееме и дека овој аманет мора да се пренесува од генерација на генерација”, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.