Во основното училиште „Васил Главинов“ на општина Чаири се одржа симулациска вежба за заштита и спасување од непогоди од земјотреси и пожари.
Во оваа активност беа вклучени ученици, вработени во училиштето, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Црвен крст, Здружение на пожарникари доброволци „Бајрам Мифтари“ од Чаир, како и полициската станица Бит Пазар. Ваквите активности се доста значајни и пред се кога се спроведуваат во соработка со сите структури.