Го одбележавме 22 Април – Светскиот ден на нашата планета

59
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со претставниците на компанијата Ria Transfer Money и управникот на работната единица на објектот на Поштата во Чаир г-дин Беким Лута преку садење на дрва и поставување на корпи за отпадоци на територијата на Чаир го одбележаа 22 Aприл – светскиот ден на нашата планета.
Дрвата од видот Tilia Argentea и корпите за отпадоци кои се донација од компанијата RIA Transfer Money се поставија во дворoвите на Поштата во Чаир, Здравствениот Дом – Чаир, Пензионерскиот Дом и на многу други локации.
По повод овој настан, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу истакна: “На овој начин го даваме нашиот придонес и јасната порака за две високи цели пред нас како индивидуи и како општество: чистиот воздух, чистата животна средина и зелени површини. Благодарност до бизнис компанијата RIA Transfer Money за нивната донација, подготвеност и соработка со нас во остварувањето на овие цели.“

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе