Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови во Општина Чаир – 2018

254

Врз основа на  Програмата за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности Општина Чаир за 2018 (Службен Гласник бр.4/2018), Општина Чаир објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

За прибирање на барања за за финансиска поддршка на спортски клубови во Општина Чаир за 2018 година.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Чаир за 2018 година, согласно Програмата за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

 

  1. Видот и проектите кои ќе бидат поддржани и предвидени финансиски средства

 

Средствата од Буџетот на Општина Чаир ќе се користат за финансирање на проекти и активности кои ќе придонесуваат за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности во следните категории:

 

  1. За подршка на категорија спорт – фудбал се предвидени финансиски средства во износ од 1.700.000,00 МКД,

 

  1. За поддршка на категорија спорт –      кошарка се предвидени финансиски средства во износ од 600.000,00 МКД.

 

  • За поддршка на категорија спорт-боречки спортови се предвидуваат средства во износ од 800.000,00 МКД.

 

 

  1. За поддршка на категорија спорт-ракомет се предвидуваат финансиски средства во износ од 200.000,00 МКД

 

  1. Доставување извештај

 

Спортските здруженија и клубови на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за развој и унапредување на спортот и спортско-рекреативни активности, по завршување на своите проекти и активности, ќе достават наративен и финансиски извештај за користење на средствата до Општина Чаир.

 

  1. Основни организиски критериуми

 

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат спортските здруженија и екипи кои ќе учествуваат на овој повик се:

-Да се регистрирани согласно Закон

-Да се занимаваат со активности од областа на спортот.

 

4.Потребна документација која здружението / спортскиот клуб треба да ја достави кон Пријавата за финансиска подршка

 

  • Пријава за финансиска поддршка
  • Решение за регистрација на здружението или спортскиот клуб
  • Во зависност од статусот на апликантот, да се достави Решение за вршење  дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт на  Р. Македонија.
  • Потврда за активнa жиро-сметка

5.Рок и начин на доставување на пријавите

Потребните податоци како и предлог програмите и проектите, со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Архивата на Општина Чаир или од официјалната веб страница на Општина Чаир www.cair.gov.mk

Јавниот повик трае 10 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Пријавите треба да се достават до Општина Чаир, преку пошта на адреса: Х.Т. Карпош бр.5 1000 Скопје, или во Архивата на Општина Чаир  најдоцна  до 15:00 часот  на  последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови во Општина Чаир.

Превземи Формулар

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе