Со значително учество на граѓани, денес во просториите на Општина Чаир се реализираше акцијата за дарување крв, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Во периодот од 11:00 до 15:00 часот, бројни граѓани, вработени и претставници на образовните институции се одзваа на повикот и дадоа свој придонес во оваа хумана иницијатива.

Акцијата уште еднаш ја потврди солидарноста на заедницата, придонесувајќи директно во спасување животи и во јакнење на културата на доброволно дарување крв.