Денеска учествував во започнувањето на кампањата посветена на Европскиот зелен договор. Оваа кампања ја промовираше Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, г.Дејвид Гир.
Целта на кампањата е да се подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата главна цел – да се постигнат нула нето емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.