Командирот на Полициската станица-Бит Пазар, Дугаѓин Каштањева и новиот претседател на Eснафот на Старата чаршија Бујар Дулови денеска беа во посета на општина Чаир, при што реализираа многу плодна средба со градоначалникот Висар Ганиу.
“Старата чаршија, нејзините еснафи, создавањето на најдобри можни услови беа во фокусот на разговорот. Исто така се обврзавме дека заедно ќе направиме многу повеќе за нашиот скапоцен камен, срцето на Чаир- Старата скопска чаршија”, изјавил по средбата градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.