Во својство на потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјава, Давид Гир, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, претседателката на Скопје и на ЗЕЛС, Данела Арсовска, Јасна Габриќ, градоначалник на општина Трбовље, политичкиот аналитичар од Брисел, Марта Мучник и други претставници од ЕУ, разговаравме за новите чекори на патот на Северна Македонија кон Европската Унија.
– Во оваа прилика, пред се, истакнав дека нашата континуирана определба како ЗЕЛС останува да продолжиме со процесот на децентрализација, овозможувајќи повеќе финансиски средства за општините и ориентирање на капацитетите и ресурсите на општините за поголемо искористување на европските фондови и можности кои се достапни за нашата земја.
Додадов и дека размената на искуства со колегите од другите земји е важна за нас и во таа насока очекувам добри практики и приказни кои ќе не инспирираат за да ги подобриме условите за живот на нашите граѓани, изјави Ганиу.