„Чаир е дом на спортските шампиони“ со токму оваа реченица денеска го опиша градоначaлникот Висар Ганиу спортскиот имиџ на нашата општина Чаир, на Спортскaта конференција што се одржа со мотото „Спортот денес“.
-Како пример ги наведов нашите шампиони во областа на спортот, вклучително и ФК Шкупи како шампиони на Северна Македонија, Кошаркарскиот клуб Чаири 2030, Футсал клубот “Шкупи” и футсал „Арбен Бајрами“, Боречкиот клуб „Лирија“ – шампион на Македонија – Садие Дура, првата државна шампионка од Чаир во борење, Боксерскиот клуб „Шкупи“ – сениорски шампион, Карате клуб „Форца“, Женскиот ракометен клуб од Чаир, кој со натпреварот од второто коло влезе во средината на 16-те најдобри клубови кои целат кон европскиот Куп, Шаховскиот клуб од Чаир – Шкупи, кој годинава стана дел од првата шаховска лига на Северна Македонија. Но, не оставив без да го спомнам освојувачот на олимпискиот медал и кој доаѓа од Чаир, Шабан Трстена, условите за кои постојано се трудиме да ги напредуваме на полето на спортот, но застанав и на фактот дека она што е исклучително важно се сигурните чекори за да се биде успешен во спортот е да започнат од основните училишта, изјави градоначaлникот на Чаир, Висар Ганиу.