Повик за економски оператори / маркети

ПРЕЗЕМИ БАРАЊЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ЧАИР

Кризниот штаб на Општина Чаир за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење  ги  донесе следните заклучоци:

Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Чаир кои се заинтересирани  да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на продолжениот викенд (Сабота Недела и Понеделник – 18,19,20 Април 2020), задолжително да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Чаир на следната електронска адреса info@cair.gov.mk или да достават барање до архивата на Општина Чаир,  најдоцна до Четврток (16.04.2020) до 14:00 часот и да ги исполнат следните критериуми:

– потврда за упис на економскиот оператор од Централен Регистар;

– да имаат пријавени минимум 2 вработени лица и за нив треба да издадат потврда
М1/М2 од кои 1 да биде определен како доставувач.

Работното време на маркетите во утврдените денови е од 08:00 до 20:00 часот

Работното време на другите оператори како ресторани со онлајн систем за нарачка е од 08:00 до 23:00 часот.

Барањето во електронска форма можете да го превземете во следниот ЛИНК.

 

Со почит,