На барање на граѓаните на ?улица Никола Грчето бр. 4 во населба Топанско Поле, работните екипи започнаa со процесот на создавање на нови паркинг места и во оваа зона, проширувајќи го во рамките на дозволеното актуелниот паркинг простор, без да се уништи зелената површина.
Со овие работни активности кои во континуитет ги реализираме слушајќи го гласот на граѓаните го олеснуваме нивниот проблем со недостатокот на паркинг места пред нивните домови. Ваквите активности ќе продолжат и во иднина во населбите и улиците каде за тоа има објективна потреба и можност.