Цели две недели ангажираните стручни екипи на Општина Чаир се грижат за поставувањето на пречките за намалување на брзината на возилата во повеќе делови од територијата на нашата општина.
Посебно внимание посветуваме на спречувањето на брзото возење во близина на основните училишта каде секој ден се движат нашите деца.
Акцијата за поставување на “лежечи полицајци“ ги опфати и:
ул. Петре Георгиев каде се наоѓа О.У. Конгреси и Манастирит и ул. Чаирска во населба Саат Кула
лицата во близина на училиштето “Јашај Беј Шкупи“
крак од улица “Христијан Тодоровски Карпош“.