Седниците на Заедничкиот Консултативен Комитет на Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија се доказ за стратешката проевропска ориентираност на општините во нашата држава

Потпретседателот на Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС), Висар Ганиу на денешната 17-та седница на оваа организативно тело ја елаборираше реализацијата на процесот на реформи на домашната локална самоуправа и преземените иницијативи во таа насока, кои несомнено се во согласност со европските стандарди на функционирање на единиците на локалната самоуправа.

Импресиите на оваа посветеност и охрабрувањето за продолжување со истиот пристап ги изразија и Амбасадорот на Европската Унија во нашата држава г-дин Самуел Жбогар, известителот на Комитетот на регионите за Пакетот на проширување на ЕУ г-дин Јарослав Халинка и министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски.