Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со директорите на основните училишта на Чаир ја посетија Спомен куќата „Мајка Тереза“ – Скопје. Во оваа прилика, од директорот на оваа Национална установа, Насер Цури, беа информирани за се што е во врска со оваа многу важна средина, почнувајќи од изложените работи во овој музеј до активностите што се преземаат.
-При посетата уште еднаш ја разгледавме можноста општинските основни училишта институционално и преку училишни програми да организираат посета на учениците во Спомен куќата „Мајка Тереза, изјави Ганиу.