Известување

Почитувани граѓани,

Ве известуваме за измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти кој предвидува поднесување на нови барања за легализација до 31 декември 2018 година за објектите во кои се реализирани градежни работи до 3 март 2011 година. За подетално информирање сите граѓани кои го немаат решено имотниот правниот проблем на изградените објекти до 3 март 2011 година, ве молиме да се обратите до Секторот за урбанизам во Општина Чаир.

Текстот со измените во Законот за постапување со бесправно изградени објекти

(1) Сопствениците на бесправно изградени објекти утврдувани според член 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на РМ” бр.23/11; бр.54/11,  бр. 155/12, бр. 53/13, бр. 72/13, бр. 44/14, бр. 115/14, бр. 199/14, бр.124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), во објектите во кои заклучно со 3 март 2011 година во целосно се реализирани градежни работи и истите преставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесуваат барање за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти од денот на применување на овој закон до 31 декември 2018 година.

(2) Барателите кои до денот на применување на овој закон им е одбиено барањето поради некомпелтирање на документите утврдени во член 6,7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на РМ” бр.23/11; бр.54/11,  бр. 155/12, бр. 53/13, бр. 72/13, бр. 44/14, бр. 115/14, бр. 199/14, бр.124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), можат да поднесат ново барање за утврдување на правниот статус, во рок од 6 месеци од денот на применување на овој закон.

(3) Барателите кои не доставувале Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправниот изграден објект во предвидениот рок од член 15 став (2) и член 17, од Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на Република Македонија” бр. 217/15), можат да достават Геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправниот објект најдоцна до 30 јуни 2018 година.

(4) Барателите кои во утврдениот рок од став (1), (2) и (3) од овој закон, со барањето немаат да достават потребната документација утврдена во член 6, 7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (“Службен весник на РМ” бр.23/11; бр.54/11,  бр. 155/12, бр. 53/13, бр. 72/13, бр. 44/14, бр. 115/14, бр. 199/14, бр.124/15, 129/15, 217/15 и 31/16), надлежниот орган ќе им го одбива барањето за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.