Минимаратон “Да трчаме за здравје”

293

Општина Чаир ја подржува граѓанската иницијатива за организација на мини-маратон во Чаир под мотото  “Да трчаме за здравје”, која за цел има собирање на средства за деца болни од рак, во одделението за Онкологија и Хематологија во Скопје.

Датумот за одржување на минимаратонот е 5-ти мај (сабота) и ќе започне во 11:00 часот во Паркот на Чаир со музички фестивал по што во 13:00 ќе следи минимаратонот во близина на маркетот “Веро” и ќе продолжи кон улицата “Кемал Сејфула” до “Поликлиника Чаир” и ќе заврши во Паркот на Чаир.

Учесници на овој маратон ќе бидат сите основни и средни училишта во Општина Чаир како и унијата на средни училишта, унијата на студенти, пејачи, актери и јавни личности, различни приватни компании и др, како и сите граѓани кои сакаат да се приклучат на оваа хуманитарна акција.

“Да трчаме за здравје” купувај број колку ти душа сака, и помогни им на децата на кои им е потребно.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе