Претставува големо задоволство и чест за Општина Чаир што за четврти пат по ред е домаќин на организираните активности во соработка со Институтот за Политички и Меѓународни Студии за одбележување на 9-ти мај, Денот на Европа. Денот на Европа претстатува најдобар мотив за да рефлектираме за значењето на времето и одлуките кои што ја прават иднината сосема поинаква, со поголема перспектива.

Отворањето на активностите го извршија: Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин. Висар Ганиу, претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин. Талат Џафери, заменик премиерот за европски прашања г-дин Бујар Османи и Проф. Др. Илбер Села – Директор на Институтот за Меѓународни и Политички студии, со кои споделивме награди и благодарници на студентите за учество во книжевниот конкурс со есе за Европската Унија.

Сите заедно да придонесеме за реализирање на нашата аспирација за интегрирање во ЕУ.